Поевтиниот зелен картон ја зголеми продажбата

Bez autora
Nov 02 2011

Според резултатите од Националното биро за осигурување, не престанало интересирањето за купување зелен картон. Се чека да заврши третиот квартал и друштвата за осигурување да ги достават податоците, по што ќе се знае колкаво е интересирањето за овој документ. Според Климе Поповски, директор на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, продажбата на зелениот картон се одвива со интензивна динамика и Агенцијата, како независно регулаторно тело со одговорност, стручност, совесност и транспарентност, ги заштитува правата на осигурениците. Тој истакна дека кога постојат голем број компании и жестока конкуренција, тоа ќе доведе до реална и фер цена и дека тие како регулаторно тело ќе бидат активни за да не дојде до ситуација намалувањето да предизвика проблеми во работењето на друштвата за осигурување.

Поевтиниот зелен картон ја зголеми продажбатаСпоред резултатите од Националното биро за осигурување, не престанало интересирањето за купување зелен картон. Се чека да заврши третиот квартал и друштвата за осигурување да ги достават податоците, по што ќе се знае колкаво е интересирањето за овој документ.

Според Климе Поповски, директор на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, продажбата на зелениот картон се одвива со интензивна динамика и Агенцијата, како независно регулаторно тело со одговорност, стручност, совесност и транспарентност, ги заштитува правата на осигурениците. Тој истакна дека кога постојат голем број компании и жестока конкуренција, тоа ќе доведе до реална и фер цена и дека тие како регулаторно тело ќе бидат активни за да не дојде до ситуација намалувањето да предизвика проблеми во работењето на друштвата за осигурување.

На вчерашната свеченост организирана по повод двегодишнината од постоењето на Агенцијата, Поповски рече дека е забележан пораст на бруто пласираната премија за 7, 6 проценти во првата половина од годинава, и тоа 6,3 проценти на неживотно осигурување и 30 отсто на животно осигурување. „Тоа е голем потенцијал и се надеваме дека во периодот што следува ќе има уште поголемо прогресирање“, истакна Поповски. Тој најави дека во иднина ќе се работи на либерализација на автоодговорноста, што не би довело, според него, до евентуално зголемување на цената на зелениот картон. „Македонскиот пазар за осигурување е на добар пат и има прогрес, потврда за тоа е последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија. Во него посебно се истакнува напредокот на пазарот на осигурување. За таа цел, Владата ќе продолжи со поддршката што и' ја дава на Агенцијата“, изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik